Бизнис позиционирањето на СН Мото Центарот е да биде повеќенаменски објект кој во себе обединува низа на сродни поврзани дејности (услуги и продукти) кои се надополнуваат и заедно креираат една целина со голема додадена вредност за Центарот и сите негови корисници.
Креирање на Центар за сите потреби на корисниците, љубителите и бизнисите кои поседуваат Моторни Возила.
Наша визија
СН Мото Центар цели да стане синоним за квалитетна, ефикасна и брза услуга за целосниот спектар на дејности со постојано инвестирање во најсовремена опрема и онлајн технологија која е во чекор со светските трендови, како и вложување во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар кој посветено ќе се грижи за клиентите.